Де Варгас: Покажавме дека може да победиме секаде

Гонзало Перез де Варгас со 15 одбрани беше еден од клучните фактори за победата на Барселона против Вардар (26-30) во пеколната атмосфера во СЦ „Јане Сандански“. Шпанскиот репрезентативец истакна дека оваа победа била посебно важна за Барселона. Со скопските бодови Барса се зацврсти на лидерската позиција во групата, но како што истакна Де Варгас, докажа и дека може да победи секаде.

„Бевме концентритрани на тоа што треба да го направиме денеска. Сакавме победа тука во оваа арена, за да покажеме дека можеме да победиме било каде, па и во ваква атмосфера. Среќен сум затоа што сме први во групата и се надевам дека ќе  продолжиме на ваков начин. Во следниот натпревар ќе биде тешко бидејќи Вардар сигурнои нема да ги повтори истите грешки“ – истакна Гонзало Перез де Варгас.

Дека нема да биде лесно на реваншот в сабота во „Блауграна“ предупреди и тренерот на Барселона, Чави Пасквал, изразувајќи задоволство од резултатот и од играта на својот тим на вечерашниот дуел.

„Среќен сум за мојот тим, не е лесно да се игра тука во оваа атмосфера. Започнавме коцентрирано во првото полувреме и на исто ниво продолживме и во вториот дел. Следниот викенд во Барселона ќе биде многу различно. Вардар е силен тим,но, се надевам дека и следниот викенд ќе победиме во „Палау Блауграна“ – рече Чави Пасквал.

Се вчитува...