Дебакл на Академија Пандев на мечот со Балкани, пораз од 1-6

Вистински дебакл доживеа екипата на Академија Пандев на пријателскиот натпревар со косовскиот шампион Балкани кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Пандевци“ загубија со убедливи 1-6, по дури четири погодоци примени во второто полувреме во периодот од 55. до 85. минута.

Претходно Балкани поведе со 0-1, а Академија Пандев успеа во 23. минута да израмни на 1-1, по што потоа се беше во знакот на косовскиот шампион.

Пред само два дена Балкани го победи со 2-0 и македонскиот шампион Шкупи на тестот во Охрид.

Се вчитува...