Дебакл на Борусија Дортмунд со Лајпциг: „Милионерите“ надвор од шампионската трка (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд, се чини, сама се откажа од шампионската трка во Бундеслигата откако во 28. коло неочекувано доживеа убедлив пораз од Лајпциг на домашен терен.

„Милионерите“ доживеаја пораз од 1-4 кој беше најавен уште во првото полувреме со двата гола на Лајмер во 21. и во 30. минута.

Во второто полувреме Лајпциг поведе и со 0-3 со голот на Нкунку, па иако Мален намали на 1-3, Олмо во 86. минута ги постави конечните 1-4.

Борусија Дортмунд сега е на девет бода зад водечкиот Баерн Минхен, се чини без многу шанси за загрозување на водечката позиција на баварците.

Се вчитува...