Дебакл на Далас: Го загубија Дончиќ па загубија и со 43 поени разлика (ВИДЕО)

Далас доживеа ретко видена брука на првиот натпревар по трејдот на Лука Дончиќ. Маверикс беа прегазни со 43 поени разлика губејќи 144-101 против Кливленд. Интересно, 91 од овие поени беа примени во првото полувреме.

Мерил со 27 поени беше лидер на Кливленд, а него го следеше Мобли со 22 поени. Харди беше првото име кај Далас со 21 поен.

Деторит се приближи до место кое води во осминафиналето откако славеше со 127-119 против Чикаго Булс во натпревар во кој Канингхем и Вајт со по 22 поени ги предводеа своите тимови.

Изненадување приреди Торонто кој на домашен терен славеше со 115-108 против фаворизираните ЛА Клиперс. Харден со 25 поени беше прво име кај гостите, додека 20 поени за домаќините постигна Берет.

Се вчитува...