Дебакл на југо-фудбалот: Од 28 клуба во Европа остана само Динамо Загреб, Македонија на пролет само со тројца фудбалери!

Вистински дебакл на европската сцена доживеа оваа есен екс-југословенскиот клупски фудбал.

Од вкупно 28 клуба од земјите на поранешна СФРЈ кои ова лето и есен се натпреварува во европските купови, единствено само Динамо Загреб обезбеди европска пролет. И тој „успех“ за Динамо е под знак прашалник, ако се знае дека е изборен во последен момент и тоа во Конференциската лига (а амбициите на клубот беа далеку поголеми на стартот од сезоната), но фактот дека ова е четврти пат во последните шест сезони како хрватскиот шампион обезбедува пролет во Европа е повеќе од позитивен момент.

Тотално разочарување се клубовите од Србија кои имаа лоша есен. За македонските клубови, пак, ништо ново кога ќе се кажа дека не може да изборат ниту есенска групна фаза. А, пролетта е далеку…

Што е уште пострашно, Македонија ќе има само тројца фудбалери кои со своите клубови останаа „живи“ на европската сцена. Елиф Елмас со својот Наполи ќе игра во осминафиналето во Лигата на Шампионите, а Аријан Адеми и Стефан Ристовски, како што е познато, се членови токму на Динамо Загреб.

ЕКС-ЈУ КЛУБОВИ КОИ ИГРАА ВО ЕВРОПА И ИСПАДНАА:

МАКЕДОНИЈА: Струга ТЛ, Шкупи, Шкендија, Македонија ЃП

ХРВАТСКА: Хајдук, Осијек, Ријека

СРБИЈА: Црвена Звезда, Партизан, ТСЦ Бачка Топола, Чукарички, Војводина

БИХ: Зрињски, Борац, Сараево, Железничар

СЛОВЕНИЈА: Олимпија, Марибор, Домжале, Цеље

ЦРНА ГОРА: Будуќност, Сутјеска, Арсенал

КОСОВО: Балкани, Дрита, Дуќаѓини, Гњилане

Се вчитува...