Дебакл на Кожув во Бугарија

Кошаркарите на Кожув продолжуваат со слаби настапи во БИБЛ-лигата, откако вечерва загубија со убедливи 88-57 на гостувањето во Бугарија против Академик. Тимот од Гевгелија се наоѓа во слаба серија и во домашното првенство, а вечерашниот пораз од бугарскиот прволигаш е само уште еден доказ дека Кожув со игрите и резултатите е далеку под амбициите што беа најавувани во пресрет на оваа сезона.

Мечот беше израмнет само четири минути, до 8-8, за потоа Академик за нешто повеќе од три минути да направи серија од 12-0. Избраниците на тренерот Николов немаа сили да се вратат, првата четвртина ја завршија со негатива од 27-14, што потоа се зголемуваше како што одминуваше времето. Во првото полувреме не функционираше одбраната и беа примени 51 поен, во вторите 20 минути Кожув потфрли во нападот, постигнувајќи 23 поени, па убедливиот пораз беше неизбежен.

Мишковиќ и Луис беа најефикасни кај Кожув со по 12 поени, осум поени постигна Радуловиќ, а по седум Караколев и Пековиќ.

Се вчитува...