Дебакл на Црвена звезда во Мадрид

Реал Мадрид ја декласираше Црвена звезда со преубедливи 98-68, потврдувајќи дека минатонеделниот пораз од Галатасарај во Истанбул беше само лош ден за „кралскиот клуб“. За разлика од таа средба, овојпат покрај нападот одлично функционираше и одбраната на „кралевите“, особено во второто полувреме во кое Црвена звезда постигна само 24 поени за 20 минути игра.

Прашањето на победникот беше решено уште во првата четвртина во која Реал постигна неверојатни 38 поени (38-25), создавајќи си предност што потоа ја зголемуваше како што одминуваше времето. Ајон, Масиулис и Тејлор беа најефикасни кај Реал со по 12 поени, Љуљ забележа 11 поени и 10 асистенции, додека прв стрелец на Црвена звезда беше Симоновиќ со 13 поени.

Брозе баскет со фантастичен натпревар на гостински терен го совлада Анадолу Ефес среде Истанбул со убедливи 68-87. Пресудна беше втората четвртина што избраниците на Тринкиери ја добија со 9-25, го свртеа резултатот во своја полза и на крајот заслужено славеа. Мели и Радошевиќ беа најзаслужни за победата со 16 поени, пред Ло со 15.

Олимпијакос ја искористи предноста на домашниот терен против Дарушафака, триумфирајќи со 81-73. „Црвено-белите“ стигнаа до победата помогнати од Спанулис, кој до неодамна беше повреден, а најефикасен беше Бирч со 13 поени.

tabela evroliga2

Се вчитува...