Фудбалерите на Челси и Арсенал би можеле да го ограат финалето од Лигата на Европа пред полупразни трибини на Олимпискиот стадион во Баку.
И двата клуба, како што пишуваат англиските медиуми, веќе вратиле вкупно околу 6.000 билети од оние вкупно 12.000 кои ги добиле на располагање за своите фанови бидејќи немало доволна заинтересираност за скапиот аранжман и поради далечината од 4.000 километри.
Мечот е пратен и од „политичка увертира“ откако напаѓачот на Арсенал, Мкхитарјан не доби виза бидејќи двете земји поради војната немаат дипломатски односи.
Навивачите на Арсенал најавуваат и протестни транспаренти, иако од УЕФА најавуваат дека нема да го дозволат тоа. Олимпискиот стадион има капацитет од 68.000 седишта, а досега е продадена едвај третина од капацитетот. Финалето се игра на 29. мај од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА