Дебакл за крај: Кошаркарките и дадоа само 27 поени на Хрватска

Македонската женска кошаркарска репрезентација со уште еден убедлив пораз го заокружи квалфикацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2019 година. Нашите репрезентативки во последната рудна од групата загубија на гостувањето кај Хрватска со 90-27 во натпреварот во кој постигнаа најмалку поени во целиот квалификациски циклус. Дури три четвртини нашиот тим комплетираше со едноцифрен број поени.

Иако македонскиот тим не беше во најсилнот можен состав, сепак квалитативната слабоста која ја демонстираше и во оваа пресметка изгледа застрашувачки особено ако се земе в предвид дека постигна само по пет поени во втората и последната четвртина, а само еден повеќе во третиот период. Секако уште воведните десет минути од средбата јасно назначија каков ќе биде исходот од оваа пресметка.

Анжелика Митрашиновиќ постигна повеќе од половина од поените за нашиот тим, 14 и го одигра речиси целиот натпревар. Само уште три кошаркарки постигнаа поени, Кметовска седум, Кожобашиоска четири и Николиќ два.

Женскиот национален кошаркарски тим овие квалфикации ги завршува со порази на сите одиграни дуели, длабоко на дното од табелата и бодовно далеку зад конкуренцијата. Нашиот тим најдобро помина во првото коло од квалификациите кога од селекцијата на Италија го претрпе единствениот едноцифрен пораз (52-61).

 

 

 

Се вчитува...