Дебакл за Реал: Суарез ги понижи „кралевите“

Реал Мадрид губи со убедливи 0-3 од лутиот ривал Барселона во реванш мечот од полуфиналето во Купот на Шпанија. Луис Суарез го постигна првиот гол, беше дел од акцијата за вториот погодок што е запишан како автогол на Рафаел Варан, а Уругваецот од пенал со „паненка“ беше стрелец и на третиот гол за Барселона на овој меч.

„Кралевите“ се понижени на домашен терен, а фановите полека веќе го напуштаат „Сантијаго Бернабеу“ разочарани од резултатот и евидентната елиминација.

Се вчитува...