Деби на ЕП: Историјата за Финците, формата за македонските одбојкари (ФОТО)

ЕКИПА во Љубљана

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонската одбојкарска репрезентција со утринскиот тренинг го заокружи двомесечниот подготвителен процес и е компелтно фокусирана на попладневниот старт на Европското првнество и дуелот против Финска.

Стартниот противник според моменталната форма во кој се наоѓа е можеби најдобриот ривал за успешен почеток на првенството. Иако историски Финците се далеку пред нас бидејќи имаат дури 18 учества на Европските шампионати, во ова првенство влегуваат со исклучително лоша резултатска серија од 15 последовни порази, или имаат само еден успех во последните 20 натпревари, забележан во јануари.

Нашиот тим нема позитивен биланс во контролите кои ги одигра во подготвитлниот период, но имше и одлични изданија, особено во пресметката со Бугарија. Овој меч одбојкарите го посочуваат како урнек за тоа како треба да се одигра и колку енергија треба да се вложи во дуелите на Европското првнество.

„Можеме две и нивоа повеќе во однос на дуелот ос Бугарија. Ако тога бевме силно мотивирани, во дуелите на ЕП сигурно ќе бидеме уште повеќе“ – вели Дарко Ангеловски во пресрет на првиот меч.

Макеоднската репрезентација досега нема меѓусебни пресметки со Финска.

 

Се вчитува...