Деби од соништата: Фаверани го реши Ефес и ја извади Барселона од резултатската криза

Барселона во тековната сезона доживеа и подеми, но и неколку падови. Јоргос Барцокас како да не можеше да го најде вистинскиот рецепт за победа во изминатите неколку кола сè до денес. На гости кај каталонскиот гигант падна Анадолу Ефес за кого ова е втор пораз во низа. Најзаслужен за триумфот беа Витор Фаверани кој неодамна стави потпис на соработка пополнувајќи го местото на Џои Дорси како и Петери Копонен кој со своите проектили ја врати Барселона ’во живот’.

Во првиот дел од натпреварот двете екипи се бореа за посакуваната победа. Одбраната на домаќините не попушташе, но гостинот имаше поинаква замисла, па преку шутеви од далечина успеа да стигне до минимално водство на полувремето (33-34). Сè се промени откако екипите се вратија на паркетот. Се разигра и најновата аквизиција на Каталонците – Витор Фаверани, па Барселона лесно ја врати самодовербата базирана на двоцифрената предност (63-53) со која се влезе во последниот период. Највисоката разлика изнесуваше 15 поени (70-55), а потоа следеше поопуштена игра од страна на домаќинот. Тоа го искористи гостинскиот состав и намали на 75-71. Започна Петери Копонен да шутира од далечина, но немаше доволно поддршка од своите соиграчи, па Ефес намали на ’минус два’ (80-78).  Одличниот фински репрезентативен бек погоди уште еднаш, разликата одново се искачи на седум поени (85-78) кои домаќинот овој пат успеа да ги задржи сè до крајот, до конечни 88-78 (16-15, 17-19, 30-19, 25-25).

Фаверани запиша 18 поени зад своето име на кои придодаде и осум скока. Одличниот Копонен запиша 20 поени од кои шест беа тројки. За Ефес тоа беше Пол Брендон со 20 поени и Ертел со 18 поени.

Се вчитува...