Андреј Шошкиќ одигра извонредно на својата премиера во НЦАА-лигата, во која неговиот тим Стоуни брук славеше со 66-59 над Фармингдејл стејт, триумф за кој најзаслужен беше токму македонскиот кошаркар.
Шошкиќ по одличната сезона во дресот на Рабтнички се реши за преселба во САД, што според првите знаци се покажува како одличен избор. Андреј веќе се наметна како лидер во својот тим, постигнувајќи 20 поени во победата во првото коло од новата сезона.
Шошкиќ беше незапирлив за ривалите, реализираше две тројки од четири обиди, имаше и 5/6 во реализацијата за два, како и стопроцентен ефект 4/4 од линијата за слободни фрлања.
Покрај та, Македонецот имаше и четири скока, две украдени топки и една асистенција, со што сосема заслуженo го доби и МВП признанието за овој натпревар.
Shoshkikj lettin’ it fly 🎯
💻 https://t.co/FSwIAd8smG (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/j6ZEBG2YrB
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) November 4, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

