Деби од соништата: Стоунс донесе победа на Интер

Интер забележа победа од 1-0 на пријателскиот натпревар со Бетис, меч што мина во знакот на Џон Стоунс. Англискиот дефанзивец кој летово пристигна од Манчестер Сити дебитираше во дресот на „нероаѕурите“, и тоа на најдобар можен начин, постигнувајќи го голот за победа.

Тој не само што одлично се снајде во одбраната, туку и маестрално реагираше во противничкиот шеснаесетник во 82. минута, со фантастичен волеј матирајќи го противничкиот голман.

Се вчитува...