Новата сезона во НБА се уште не е ни почната, а веќе е соборен неверојатен рекорд. Цените на билетите за натпреварот меѓу Њујорк Никс и Филаделфија 76 вртоглаво пораснаа по објавувањето на распоредот за сезоната 2026/27, а американските медиуми известуваат дека овој дуел би можел да стане најскапиот натпревар за отворање на сезона во историјата на НБА.
И лесно е да се разбере зошто. Од едната страна ќе биде актуелниот шампион Њујорк, кој пред своите навивачи ќе ја прослави титулата освоена минатата сезона, додека од другата страна ќе пристигне целосно реновираниот тим на Филаделфија, предводен од Леброн Џејмс и Џејлен Браун!
Американските медиуми останаа зачудени од цените на секундарниот пазар. „Филаделфија Инквајрер“ известува дека билетите за овој спектакл веќе се нуделе за речиси 2.000 долари, што, доколку трендот продолжи, би било доволно овој натпревар да стане најскапиот прв домашен натпревар во НБА досега.
„Фронт Офис Спортс“ објави дека билетите на платформата „СитГик“ се продавале за околу 2.200 долари само неколку часа по објавувањето на распоредот.
А оние што сакаат малку подобар поглед кон теренот ќе мора да подготват вистинско мало богатство. „Њујорк Пост“ објави дека цените на билетите за долното ниво на „Медисон Сквер Гарден“ започнуваат од околу 3.479 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
