И Дедо Мраз денеска не работи – ќе гледа „Ел Класико“

Светот е во исчекување на новиот фудбалски спектакл, мегадуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона. Во пресрет на најновата епизода од „Ел Класико“, не работи ниту Дедо Мраз. Како што истакна шпанскиот спортски весник „Марка“ на својата насловна страница, тој најавил дека денеска од 13 часот, ќе седне во својата удобна фотелја, и ќе ги следи мајсториите на мегаѕвездите на Реал Мадрид и на Барселона.

Барселона во моментов е лидер на табелата во Ла Лига, и има огромни 11 бода предност во однос на Реал Мадрид, кој има одиграно еден меч помалку. Но, „кралевите“ се актуелни европски, светски, и шпански прваци.

„Гори, гори, гори…“, вели насловот на угледната „Марка“. Светот нема да трепка, денеска од 13 часот…

Се вчитува...