Дефанзивецот го брани Алегри: Човекот прави чуда, Јувентус нема квалитет

Јувентус синоќа доживеа дебакл во Лигата на шампионите. Во реванш 1/8 финалниот меч со Вилјареал, Јуве загуби во Торино 0-3, и така беше елиминиран од најелитното европско натпреварување.

И додека сите фрлаат со „дрвја и камења“ по тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се најде човек кој што го брани предводникот на „бјанконерите“. Станува збор за поранешниот дефанзивец на Јуве, Патрис Евра.

„Разочаран сум од изданието на Јувентус. Исто така морам да кажам дека Алегри прави чуда, затоа што нема квалитет во екипата, особено во средниот ред. Ги имавме Маркизио, Видал, Пирло, а не видов дека на мечот Артур нешто направи“, изјави Евра и додаде:

„Во фудалот една работа е чудна. Ако пропуштите 4-5 шанси во Лигата на шампионите, мора да ја платите цената. А, потоа тешко се опоравувате. Јувентус во првиот дел се обиде да го добие натпреварот, но во вториот дел не можеа да се спојат“, изјави Евра.

Евра беше дел од Јувентус од 2014 до 2017 година.

Се вчитува...