Долго време се водеше дебата околу тоа дали Иран ќе учествува на Светското првенство оваа година или не, а сега конечно е решено. Иран ќе игра натпревари од Светското првенство ова лето во Америка, јасно стави до знаење денес претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Учеството на Иран на Светското првенство е доведено во прашање откако САД и Израел започнаа воздушни напади врз земјата на 28 февруари.
Претставници на Иранската фудбалска федерација беа единствените од 211-те земји-членки на ФИФА кои не присуствуваа на конгресот на ФИФА во Ванкувер денес.
Се смета дека двајца делегати на кои канадските власти им доделиле визи одлучиле да не присуствуваат откако на друг член од нивната група му бил одбиен влез во Торонто.
И покрај ова, Инфантино го започна својот говор пред Конгресот инсистирајќи дека иранската репрезентација ќе учествува на Светското првенство оваа година.
„Дозволете ми да потврдам уште на самиот почеток, за оние кои можеби сакаат да кажат или напишат нешто друго, Иран секако ќе учествува на Светското првенство оваа година.
„Секако, Иран ќе игра во Америка. Причината е едноставна, бидејќи мора да се обединиме. Мора да ги зближиме луѓето.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

