Дефо: Здодевно е на СП, во Јужна Африка цел ден ја гледавме свадбата на Руни

Сон на секој фудбалер е да ја круниса кариерата со настап на Светско првенство, но кога ќе биде дел од најголемиот фудбалски собир и те очекуваат важни натпревари, тогаш ’карантинот’ те убива. Го призна и Џермејн Дефо, поранешниот англиски репрезентативец, раскажувајќи што правеле Англичаните на СП 2010 во Јужна Африка.

„Еден ден ни беше толку здодевно, што цел ден ја гледавме свадбата на Вејн Руни. Имаше смеа, но лошо е кога сте ’врзани’ во хотелот и не смеете да излезете речиси никаде. Тоа нема врска со фокусирањето на натпреварот или пак подобра подготовка. Напротив, создава дополнително оптоварување“, објасни Џермејн Дефо.

Се вчитува...