Дејан и Аљоша Недеви ќе учествуваат на Светскиот шампионат во Куритиба

Најдобрите македонски натпреварувачи во традиционално карате, Дејан и Аљоша Недеви, ќе настапат на 20. ИТКФ Официјален Светски шампионат што ќе се одржи од 4. до 8. декември во Куритиба, Бразил. Со нив заедно патува и селекторот Венцислав Недев кој покрај другото ќе биде и судија.

На Светскиот шампионат во Куритиба се очекува да учествуваат рекорден број на учесници од сите континенти. Предвидено е пред натпреварите да се одржи и голем карате семинар со светските ИТКФ карате легенди и повеќекратни светски шампиони меѓу кои ќе биде и Дејан Недев, заедно со уште три легенди, Рикардо Луис Буци од Бразил, Хусто Гомез од Аргентина и Мусат Корнел од Романија.

Се вчитува...