Дејан и Аљоша Недеви освоија бронза во ен-бу на Светското првенство во Бразил

Браќата Аљоша и Дејан Недеви го освоија трето место во дисциплината ен-бу на ИТКФ Светското првенство кое од 6. до 8. декември се одржа во Куритиба, Бразил.

Дејан Недев во дисциплината фукуго го освои 4. место. За влакно му избега финалето во оваа дисциплина, а во борбата за бронзен медал беше грубо оштетен од судиите.

Светското првенство се одржа во исклучително силна конкуренција, со партиципација на 32 земји со повеќе од 400 натпреварувачи од целиот свет.

Се вчитува...