Дејан Илиев „раскина“ со Рапид Букурешт по само шест месеци

Повремениот репрезентативен голман Дејан Илиев е без клуб, откако го раскинува договорот со романскиот тим Рапид Букурешт. Илиев по само шест месеци и 16 одиграни мечеви, го напушта клубот од главниот романски град.

Тој минатата сезона во пролетниот дел беше стандарден во дресот на оваа екипа, откако дојде во јануари од Ута Арад. Претходно беше дел од Сарајево, Хелсинки, а бранеше и во Тренчин, Серед, Јагелонија. Долго време беше член на лондонски Арсенал, но никогаш не доби шанса да забрани за сениорите.

Според неофицијалните информации од Романија, Илиев се решил на ваков потег поради неисплатени плати, па така сега клубот е даден на ФИФА, од каде Илиев си ги бара парите. Станува збор за сума од 150 илјади евра.

Се вчитува...