Дејан Манасков се сели во Динамо Букурешт!

Динамо Букурешт ќе биде новиот клуб на Дејан Манасков. Манасков ќе биде едно од трите големи засилувања со кои тренерот Чави Пасквал ќе атакува на успех во Лигата на шампионите идната сезона.

Манасков пред неколку месеци објави дека ќе го напушти Веспрем, а го пропушти голем дел од оваа сезона поради тешка повреда на лигаментите на коленото, и не играше ниту на Европското првенство на почетокот на оваа година.

Манасков во минатото беше дел од Металург, Вецлар, Вардар, Рајн Некар.

Покрај Манасков, во екипата треба да дојдат и Кашпарек, Акименко, Зеин и Кукиќ. Во овој тим веќе настапуваат поранешните вардарци Кристијан Дисингер, Анте Кудуз и Калифа Гедбан.

Се вчитува...