Дејан Митровски-Урко кандидат за претседател на ВАКО Балкан федерацијата!

Првиот човек на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски-Урко е кандидат за претседател на ВАКО Балкан федерацијата, на Собранието на ВАКО Балкан кое викендов треба да се одржи во Краљево, Србија, во рамките на Балканското кикбокс првенство.

Се очекува Митровски утре едногласно да биде избран за претседател на силната балканска федерација, добивајќи ја недвосмислено поддршката на балканските членки на ВАКО-федерацијата.

Балканското првенство во Краљево, пак, ќе се одржи во дисциплините К1, Лоу кик и Кик лајт. Учествуваат седум земји со 212 натпреварувачи. Нашата земја предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко ќе настапи со 73 одбрани натпреварувачи.

Се вчитува...