Дејан Митровски – Урко: „Македонија оди по две светски злата!“
Екипа
24.09.2026 / 21:55
СПОДЕЛИ:
Македонската кикбокс репрезентација ја очекува жетва од медали наредниве два дена, ако се знае дека во текот на утрешниот ден ја очекуваат два финални натпревари и две полуфиналиња на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Лидо ди Јесело, Италија.
Првиот човек на македонскиот кикбокс, Дејан Митровски – Урко, е секако задоволен од досегашните настапи на македонските репрезентативци, иако како што нагласува останува жал за уште неколку медали кои се загубени поради судиски неправди.
По победата на Драгица Глигорова
„Задоволен сум од досегашниот постигнат успех на сите наши натпреварувачи. Имаме две финалиња во текот на утрешниот ден со Томи Андонов против Србин и Глигор Николов против Азербејџанец. Две полуфиналиња со Драгица Глигорова против Италијанка и Калин Бабоски против репрезентативецот на Казакстан“ – вели Митровски и дополнува:
„Да напоменам дека за мене неоцчекувани се поразите на Марија Димовска, Марко Баснарков, Туркер Исмаил и Андреј Смилевски кои, за жал, останаа без медали иако беа фаворити за злато. Но, во овој спорт треба и среќа, исто така и да не те казнат судии или да не те повреди противникот, но сето тоа е дел од нашиот спорт. Но, имаме две финалиња, две полуфиналиња и една бронза освоена досега што секако е голем успех“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА