Дејан Недев ќе одржи карате семинар во Англија

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев, на покана на Англиската федерација за традиционално карате од 3. до 7. мај ќе одржи свој карате семинар во неколку карате клубови во Лондон, Англија. Исто така претстојниот викенд Недев ќе земе учество и на Ј.К.А. карате семинарот предводен од неколку врвни јапонски карате инструктори во светот како Сенсеи Охта, Имура, Кобајаши и други повеќекратни шампиони на Јапонија и светот.

Дејан Недев веќе неколку години по ред одржува свои карате семинари и предавања во Лондон во соработка со Сенсеи Бериша кој е основач и тренер на Мусвел Хил карате академијата во Лондон која има неколку свои клубови во западен Лондон и е член на Федерацијата за традиционално карате на Англија.

Се вчитува...