Нашиот истакнат каратист и повеќекратен европски и светски шампион Дејан Недев ќе одржи меѓународен карате семинар во Берлин, Германија, во периодот од 1 до 4 октомври 2026 година.
Семинарот се реализира на покана на Германската федерација за традиционално карате, а на него ќе учествуваат каратисти и инструктори од Германија и други земји.
Дејан Недев, носител на 7. дан во традиционално карате, повеќекратен европски и светски шампион, со своето долгогодишно меѓународно искуство продолжува активно да придонесува кон развојот и промоцијата на традиционалното карате во Европа и во светот.
Во текот на четиридневниот семинар ќе бидат обработени различни аспекти на традиционалното карате, со посебен акцент на техничката прецизност, правилната примена на техниките, кихон, ката и кумите, како и на традиционалните принципи и вредности на карате-до.
Настапот на Дејан Недев во Берлин претставува уште една потврда за неговата активна улога во меѓународниот карате свет и за континуираната соработка меѓу традиционалните карате федерации во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
