Дејан Недев на карате семинар во Лондон со сенсеи Охта

Еден од најдобрите македонски каратисти Дејан Недев од денеска па до 4. февруари учествува на ЈКА карате семинар со Сенсеи Јошинобу Охта 7 дан, главен инструктор на ЈКА за Велика Британија.

Сенсеи Охта во моментов важи за еден од најдобрите светски карате инструктори со извонредна чиста и висока карате техника кој долги години му беше главен асистент на прославениот сенсеи Касуке Еноеда.

Дејан Недев исто така ќе одржи и свој карате семинар на помлади каратисти од неколку карате клубови во Лондон кој се натпреваруваат во традиционално карате и се членки на светската федерација ИТКФ.

Се вчитува...