Еден од најдобрите македонски каратисти, Дејан Недев, 7. Дан, одржа еднодневен карате семинар во Софија, Бугарија.
Семинарот беше организиран исклучиво за членовите на бугарската репрезентација, кои од 3 до 5 јули ќе настапат на ЕТКФ Европскиот шампионат што ќе се одржи во Софија.
Обуката беше наменета за натпреварувачи, тренери и судии, при што беа објаснети основните принципи и натпреварувачките дисциплини на традиционалното карате. Сите присутни изразија големо задоволство од предавањата и стручниот пристап на Дејан Недев.
Организатор на семинарот беше Тони Петров од БФТК. Во иднина, оваа успешна соработка ќе продолжи со цел понатамошно унапредување на нивото на знаење и развојот на традиционалното карате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
