Еден од најдобрите македонски каратисти на сите времиња, Дејан Недев успешно го одржа ИТКФ карате семинарот во Кампинас и во Сао Паоло, Бразил.
На семинарот присуствуваа безмалку 300 каратисти од повеќе држави од Бразил и Јужна Америка. Сите учесници беа презадоволни од семинарот, каде Недев демонстрираше високи карате техники и принципи за тоа како најефикасно да се изведуваат сложените карате удари и блокови при изведување на најразлични кати, борби, енбу и кихон, информираат од Македонската традиционална карате федерација.
Организаторите на семинарот, Бразилската федерација, му одадоа признание на Недев и изразија желба овој семинар да стане традиционален и секоја година да се одржува во Бразил.
Следната година Бразил ќе биде организатор на ИТКФ Светскиот куп во чест на основачот на традиционалното карате и ИТКФ, Хидетака Нишијама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
