Дејан Недев со златен медал во кати на Европскиот куп во Катовице (ФОТО)

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев го освои златниот медал во дисциплината кати на Европскиот куп во традиционално карате кој се одржува во Катовице, Полска.

Во исклучително силна конкуренција во дисциплината кати во сениорска конкуренција меѓу 28 натпреварувачи, Недев сосема заслужено дојде до првото место пред репрезентативецот на Романија.

Претходно во дисциплината кати во категоријата за деца до девет години, Камелија Недева го освои сребрениот медал откако во финалето за само еден глас загуби од Израелката Наоми Роха.

Се вчитува...