„Дејли мејл“ состави репрезентација на Југославија, во неа ниту еден Македонец

Англискиот „Дејли Мејл“ се занимава со националниот тим на Југославија. Овој англиски медиум формираше тим како би изгледал да не се распаднеше поранешната држава. Југославија секогаш на хартија имала силен тим, но никогаш до крај не успеа да освои трофеј. Во сегашната ситуација сигурно дека би бил еден од фаворитите, со оглед дека има многу добри фудбалери, посебно од Хрватска и Србија.

Англичаните ја формираа екипата во формација 3-4-1-2, а во тимот не се најде ниту еден фудбалер од Македонија. Има четири од Србија, четири од Хрватска, и по еден од Црна Гора, БИХ и Словенија.

Јан Облак е голман на тимот, во одбраната Миленковиќ, Савиќ и Гвардиол. Во средниот ред се најдоа Душан Тадиќ по десната страна, во средина Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Мате Ковачиќ и Лука Модриќ, и Иван Перишиќ по левата страна.

Во нападот друштво на Душан Влаховиќ му прави Един Џеко.

Се вчитува...