Дејвид Блат: Имам мултипла-склероза, не се предавам, ќе се борам…

Тренерот на Олимпијакос, Дејвид Блат, ја шокираше кошаркарската јавност обелоденувајќи дека болува од мултипла-склероза. Тој потенцираше дека нема намера поради болеста да се повлече од тренерската функција.

„Некогаш животот ви фрла в лице неочекувано работи, без некакво објаснување, значење или причина. Ова се моментите во кои мора да направиш избор, да го тестираш твојот вистински карактер. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана мултипла склероза, болест што има многу форми и може да се манифестира различно кај секој човек. Откако го надминав почениот шок и болката од добиената информација од лекарите, решив дека нема да се предадам, туку ќе се борам како и за се досега во животот“ – истакна Блат.

Трофејниот стратег откри дека ќе ги користи искуствата од кошарката за да се бори со болеста.

„На целата ситуација гледам низ призма на кошаркарска работа, процес од три чекори: 1) Што е проблемот. 2) Зошто се случи. 3). Како да го поправиме? Во мојот случај проблемот е мултиплекс склероза што придонесова да чувствувам слабост во пределот на нозете. Почнав со специјални вежби за сила и баланс, како и со интензивно пливање, за да ги засилам мускулите и да ја подобрам физичката подготвеност. Работам и настојувам да барам од себе уште повеќе и повеќе, никогаш помалку. Зошто се случи? Никогаш најверојатно нема да го дознаам тоа, но она што е важно е ставот – лесно е да се падне во депресија и физичка летаргија, но јас ќе водам битка и нема да се предадам. Како да го поправиме? Само со работа, макотрпна работа секој ден и останување со главата горе. Нема да се сожалувам, јас сум тренер и моја работа е да водам, да инспирирам многу луѓе. Тоа ќе го направам и овојпат“ – порача Дејвид Блат.

Се вчитува...