Дејвид Блат размислува за пензија

Кошаркарскиот тенисер Дејвид Блат размислува да замине во пензија, пренесуваат светските кошаркарски медиуми. Американско-израелскиот стратег неодамна се раздели со Олимпиакос, бидејќи боледува од мултипле склероза и дека нема да може во потполност да биде посветен на работата.

Медиумите пренесуваат дека по 27 години занимавање со тренерската работа можеби е време да се занимава со работи кои не се поврзани со спортот, а тоа е дипломатска работа. Блат најголемиот успех го имаше во 2014 година кога со Макаби Тел Авив ја освои Евролигата, а со репрезентацијата на Русија го освои златото на евробаскетот 2007 и бронзата на Летните олимписки игри во Лондон 2012 година.

Се вчитува...