Дејвис го пропушта Мундобаскетот, поважни му се „Лејкерси“

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис нема да се појави на подготовките на американската репрезентација за Светското првенство во Кина, пренесуваат медиумите во САД. Наводно информацијата околу откажувањето на Дејвис ја потврдил и неговиот агент.

Репрезентацијата која ќе биде селектирана од легендарниот Грег Попович, првиот собир ќе го има во август, а Мундобаскетот почнува во првата недела од септември. Дел од подготовките нема да биде Ентони Дејвис, кој го известил Попович дека годинава поважно му е да биде целосно подготвен за новата сезона во НБА. Дејвис беше дел од „дрим-тимот“  на Летните олимписки игри во Лондон во 2012, а беше дел од САД и на Светското првенство 2014 во Шпанија.

Се вчитува...