Дејвис куп: Македонија експресно го совлада и Исланд (2-0)

Македонската тениска репрезентација експресно славеше со 2-0 против Исланд во вториот натпревар од Групата Б во Третата европска зона.

По утринската победа над Малта од 2-1, македонските тенисери ги победија двата натпревари во поединечна конкуренција против Исланѓаните. Најпрво, Димитар Грабул беше поуспешен од Бонифациус со 2-0, по сетови 6-4,6-2, додека во вториот меч Томислав Јотовски беше подобар од Биркир Гунарсон победувајќи со 6-0,6-1.

Натпреварот во игра на двојки сега ќе биде без значење. Македонија има две победи на стартот од натпреварите во Групата Б, а дуелот со Молдавија, кој почнува денеска од 16:30 часот, ќе одлучи кој ќе го освои првото место во групата и ќе обезбеди пласман во полуфиналето на Третата европска зона.

Се вчитува...