Дејвис куп: Македонија славеше против Малта, на ред е Исланд

Македонската тениска репрезентација славеше против Малта со 2-1 во првиот натпревар од Групата Б на Дејвис куп натпреварувањето од Третата европска зона која се игра во Созопол, Бугарија.

Во одлучувачкиот меч во двојки, Димитар Грабул и Шендрит Деари славеа против Ашиак/ Судзука со 7-5, 7-5. Претходно, како што е познато, во текот на вчерашниот ден Грабул со 6-3,6-4 го победи Омар Судзука, додека Томислав Јотовски загуби од Метју Ашиак со 3-6,6-3,2-6.

Денеска, Македонија го игра и вториот натпревар во Групата Б против Исланд.

Се вчитува...