Дејвис куп: Пораз на Приходко, Црна Гора израмни против Македонија

По воведната победа на Калин Ивановски и водството на Македонија од 1-0, Црна Гора успеа да израмни на 1-1 во натпревар од третата европска група во Дејвис купот.

Вториот македонски тенисер Олег Приходко загуби од Црногорецот Петар Јовановиќ кој е дури 1708 на АТП листата со максимални 2-0 по сетови 6-4 и 7-5.

Двете репрезентации сега ги чека одлучувачкиот меч во двојки во кој Ивановски и Приходко играат против Јовановиќ и Кривокапиќ.

Се вчитува...