Дејвис-куп: Србија и Франција, први полуфиналисти

Тениските репрезентации на Србија и на Франција се првите полуфиналисти во Дејвис-купот, откако веќе по вториот натпреварувачки ден стигнаа до недостижна предност од 3-0 против Шпанија, односно Велика Британија.

Србите очекувано немаа никакви проблеми во Белград против Шпанците, кои допатуваа без својата прва ѕвезда Рафаел Надал. По вчерашните две сингл победи, српската репрезентација попладнево славеше и во дубл, окако Троицки и Зимоњиќ со 3-2 во сетови ги совладаа Карено Буста и Лопез.

Велика Британија без помошта на Енди Мареј беше немоќна на гостувањето во Франција, иако и домаќините беа ослабени поради неиграњето на Цонга и Монфилс. „Триколорите“ поведоа со 2-0 со сингл-победите на Пуиј над Едмунд и на Шарди над Еванс, за денеска да стигнат до недостижни 3-0 откако Бенето и Мау со 3-1 во сетови ја добија дубл-пресметката со Џејмс Мареј и Доминик Инглот.

Се вчитува...