Дејвис-купот одложен за 2021 година

Меѓународната тениска федерација ИТФ објави дека второто издание на завршниот турнир во Дејвис купот во Мадрид, кое требаше да се одржи од 23. до 29. ноември годинава, е одложено за 2021 година.

Причина за одложувањето нормално е пандемијата од коронавирусот поради која поголемиот дел од тениската сезона веќе е откажана, а и вториот дел под знак прашалник. Титулата во премиерното издание кое лани се одржа во Мадрид ја освои домашната репрезентација на Шпанија која беше предводена од Рафаел Надал.

 

 

Се вчитува...