Дејвис му пресуди на Детроит, Драгиќ со седум тројки го урна Портланд (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа петтата последовна победа триумфирајќи на домашен терен над Детроит со 106-99. Леброн Џејмс со трипл-дабл од 21 поен, 14 скока и 11 асистенции и Ентони Дејвис со 24 поени и 11 скока го предводеа тимот до 29-та сезонска победа по која и натаму се далеку пред конкуренцијата во Западната конференција. Лејкерс имаат 11 порази. Подобар биланс од нив има само лидерот на Исток, Милвоки 32-5.

Мајами немаше проблеми да дојде до победата во пресметката со Портланд, постигна 65 поени уште до полувремето, а го задржа протинвикот на 46. Во вториот дел се разбудија ѕвездите на Портланд, но тоа не беше доволно да дојдат блиску ди пресврт. Горан Драгиќ со 29 поени и седум погодени тројки, дополнети со 13 асистенции беше лидер во победата. Бем Адебајо додаде 20 поени. Кај Портланд, Демијан Лилард заврши со 34 поени и 12 асистенции.

 

 

 

 

Победи забелеѓа и минесота над Кливленд со 103-118 и Мемфис над Феникс со 114-121.

Се вчитува...