Дејвис: Овој тим на Вардар има „кохонес“

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во Купот на Македонија откако во суперинтересен натпревар славеа над Еурофарм Пелистер со 23-22 во финалето од Ф4 турнирот кој се играше во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Тренерот на „црвено-црните“, Давид Дејвис вели дека неговите играчи имаат „кохонес“.

„Сакам да му честитам на Бабиќ бидејќи е одличен тренер. Одигравме одличен натпревар за уживање и двата тима. Тие водеа на полувреме и во вториот дел имаа предност. Сите може да уживаат во овој ракомет кој го играме ние и Еурофарм Пелистер. На крајот ние бевме посреќни и затоа победивме. Клучно во мечот беше тоа што верувавме и кога имавме негатива од пет гола. На крајот морам да кажам дека оваа екипа има „кохонес“, изјави Дејвис. 

Се вчитува...