Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис вели дека нема да се откаже од борбата за освојување на шампионска титула во НБА лигата до крајот на неговата кариера и дека досега во животот се уште нема доживеано неуспех.
„Не мислам дека досега сум доживеал неуспех. Ако на крајот на кариерата не освојам прстен во НБА тоа ќе биде неуспех. Но сега имам уште толку да направам на теренот и надвор од него. Морам да продолжам да работа, да се борам се додека не ја освојам НБА лигата“, изјави Дејвис.
Дејвис досега шест пати играше на Ол-стар натпреварите, а со репрезентацијата на САД го освои златото на Олимписките игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА