Дејвис се врати „дома“ и го растури Њу Орлеанс

Ентони Дејвис беше во главна улога на гостувањето на ЛА Лејкерс против Њу Орлеанс, на кој „езерџиите“ триумфираа со 110-114 и останаа тим со најдобар скор во НБА-лигата (16 победи и само два порази). За одличниот центар ова беше прво гостување против клубот чии бои ги бранеше до ланската сезона, од навивачите во Њу Орлеанс беше дочекан со свирежи, но тоа само го мотивираше Дејвис да одигра извонреден меч и да им покаже на домаќините што пропуштиле.

Доминантниот центар го заврши натпреварот со 41 поен, НБА-рекорд за кошаркар во прв натпревар против поранешен клуб. Леброн Џејмс реализираше 29 поени и 11 асистенции, со што „кралот“ ја надмина границата од 33.000 постигнати поени во кариерата.

Јанис Адетокумбо постигна 30 поени во деветтата победа во серија за Милвоки, забележана на домашен терен против Атланта (111-102).

Најнеизвесно беше во Мемфис, каде тимот на ЛА Клиперс стигна до минимална победа од 119-121 благодарение на поените на две секунди до крајот на Монтрецл Харел.

 

Резултати:

Бостон – Бруклин 121-110, Шарлот – Детроит 102-101, Кливленд – Орландо 104-116, Индијана – Јута 121-102, Филаделфија – Сакраменто 97-91, Торонто – Њујорк 126-98, Хјустон – Мајами 117-108, Мемфис – ЛА Клиперс 119-121, Милвоки – Атланта 111-102, Сан Антонио – Минесота 101-113, Феникс – Вашингтон 132-140, Њу Орлеанс – Ла Лејкерс 110-114, Портланд – Оклахома Сити 136-119, Голден Стејт – Чикаго 104-90.

Се вчитува...