Спортскиот директор на Барселона, Деко, отворено зборуваше за овогодинешното засилување на Каталонците, Маркус Рашфорд, кој игра како позајмен во таборот на шпанскиот клуб.
Поранешниот играч од средниот ред на Челзи и Порто верува дека англискиот репрезентативец сакал да избега од огромниот притисок што го трпел во својот сакан клуб. Рашфорд во Барселона постигна шест гола на 18 меча.
„Тој е среќен со нас. Маркус е фантастичен играч. Во Јунајтед, тој ја презеде одговорноста да биде еден од најважните играчи уште од многу млада возраст. А Јунајтед, како и ние, е еден од најголемите клубови во светот. Не е лесно. Тој страдаше и поради генерациската смена што се случуваше во Јунајтед. Ако ги погледнете последните пет години, Јунајтед се мачеше да изгради тим, да стане повторно силен. Тој беше во центарот на сè. А кога си важен играч, притисокот е огромен.“, вели Деко.
Тој додаде и дека Рашфорд пристигнал во Барселона најмногу благодарение на сопствената желба.
„Баравме играч од негов тип, некој што би можел да игра на сите три позиции во нападот. Успеавме да го доведеме токму затоа што тој сакаше да дојде. Чекаше долго време. Знаеше дека се мачиме со финансиските правила, но беше трпелив. И денес сме среќни поради тоа.“, изјави спортскиот директор на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

