Декуан Абром е ново име во Куманово (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Куманово мака мачи во новата сезона. Огромните финански проблеми створија големо незадоволство во редовите на „сино-белите“ што произлезе со заминување на одредени играчи, а притоа тимот притоа беше дисквалификуван од БИБЛ лигата. Лошите резултати донесоа и смена на тренерското место, а со доаѓањето на Владимир Мирковски започна и ново „екипирање“ на странците.

Со таа цел прв кој го засили некогашниот вицешампион е Американецот Декуан Абром кој последниот настап го брои во Бугарија каде го носеше дресот на Берое. 188 сантиметри високиот бек претходно настапуваше и за Ердгас Ехинген, а колеџ кариерата ја помина во Белмонт Абеј и во Урбана.

Се вчитува...