Дел Потро повторно го пропушта Австралија Опен

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро, петти пат во последните шест години ќе го пропушти првиот грен-слем во сезоната, Австралија Опен.

31-годишникот има големи проблеми со коленото и во овој момент не е 100 отсто подготвен за враќање на терените. Дел Потро го пропушти вториот дел од минатата сезона откако направи операција токму на повреденото колено.

Покрај Дел Потро од звучните имиња во Мелбурн нема да настапат и Енди Мареј и Кеј Нишикори.

Се вчитува...