Делегатите се обучуваа за справување со инциденти на стадионите

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија во хотел „Континентал“ во Скопје одржа редовен семинар со делегатите на натпреварите од 1. и 2. МФЛ.

Комесарот за натпреварување Васко Дојчиновски потенцираше неколку важни точки поврзани со огранизацијата на натпреварите од домашниот шампионат и координација на работата на официјалните лица пред, за време и по натпреварите, особено на делегатите со судискиот тим. На семинарот беа дадени инструкции за евентуални непријатни ситуации на стадионите, како и постапки за справување со нив согласно критериумите преземени од натпреварувањата организирани од страна на УЕФА.

Свое обраќање пред присутните делегати имаше и Зоран Саздов, комесар за безбедност во Фудбалската федерација на Македонија. Од одделот за интегритет и безбедност се заложија сите клубови да го почитуваат „Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност“ и „Законот на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари“.

Се вчитува...