„Делии“ со навреди кон Пикси: „Никогаш не си бил наш“ (ФОТО)

Црвена Звезда ја освои двојната круна во Србија откако синоќа славеше против Партизан и во финалето на Купот.

На „Маракана“ се појави и српскиот селектор и легенда на Црвена Звезда и поранешниот ју-фудбал, Драган Стојковиќ – Пикси, кој наиде на навреди од страна на најверните црвено-бели навивачи, „Делиите“.

Навивачите на Црвена Звезда имаа порака за него, во прв план со пречкртан филџан кафе…

„Никогаш не била твоја, ти никогаш не си бил наш. На деценискиот потоп после тебе се сеќава секој звездаш. Сајонара“ – пишуваше на транспарентот на „Делии“.

Стојковиќ е во суди со „Делиите“ уште од времето кога беше претседател на клубот, а во последно време води и вербална војна со директорот Звездан Терзиќ кој треба да има и судска завршница.

Се вчитува...