„Делиите“ ќе збеснат: Екс кошаркар на Црвена Звезда потпишува за Партизан

Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза е на чекор од потпишување за Партизан. Веста што изгледаше речиси незамислива до пред само неколку месеци, сега стана реалност, а доколку трансферот се официјализира, тоа ќе биде еден од најконтроверзните и најгласните потези во овој преоден рок. Според европските медиуми, црно-белите успеале да го убедат аргентинскиот плејмејкер да го носи „црно-белиот“ дрес.

Вилдоза остави длабока трага во дресот на Црвена Звезда, каде што беше еден од омилените на навивачите благодарение на неговите атрактивни потези, лидерство и енергија на паркетот. Токму затоа неговиот евентуален трансфер во редовите на најголемиот ривал би имал посебна тежина и најверојатно би предизвикал бурни реакции, особено од навивачите на Црвена Звезда. 

30-годишниот Аргентинец ја започна својата професионална кариера во редовите на Килмес од истоимената покраина во Буенос Аирес.  Веќе во 2016 година, тој пристигна на Стариот континент и стана член на шпанската Баскија. Во мај 2021 година, тој потпиша за Њујорк Никс, за кои одигра само два натпревари во летната лига, по што беше подложен на операција на коленото. Една година подоцна, тој стана член на Милвоки и го имаше своето деби во НБА за овој клуб на 22 април 2022 година, во третиот натпревар од серијата од првото коло за плејофот против Чикаго Булс.

Во октомври 2022 година, тој пристигнува во српската престолнина и станува член на Црвена Звезда, со која стигнува до трофејот во националното првенство на Србија, како и до Купот „Радивој Кораќ“.

По црвено-белиот дрес на клубот од Мали Калемегдан, тој се пресели во Панатинаикос во Атина, од каде што замина во редовите на најлутиот ривал Олимпијакос. Претходната натпреварувачка година ја помина во тимот на Виртус од Болоња.

Доколку потпише за Партизан, тогаш ќе стане првиот кошаркар кој играл за најголемите српски и за грчки ривали во својата кариера.

Се вчитува...